РЕГИОН

Уапсени 59 членови на албанската мрежа за шверц на дрога низ Европа

Во заедничка полициска акција насловена „ѕидар“ на италијанските, германските, албанските, шпанските и британските власти, уапсени се 59 членови на албанската мрежа за шверц на дрога, меѓу нив има жени, а на уште десет осомничени им се изречени други мерки на претпазливост во Италија.

Мрежата главно шверцувала хероин, кокаин, хашиш и марихуана во Германија и Шпанија користејќи автомобили со двојно дно или тајни прегради, соопшти Европол.

-Првите истраги против албанската криминална група ОКГ беа покренати во 2019 година од страна на Канцеларијата на јавниот обвинител во Фиренца – Окружната управа за борба против мафијата. Од јануари 2020 година, италијанските и албанските власти на Специјалното обвинтелство против организиран криминал и корупција, СПАК во Тирана стапија во контакт со Агенцијата на Европската унија за соработка во областа на кривичната правда (Eurojust) за да ја координираат прекуграничната судска соработка против ОКГ, јави Ора њуз.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button