ВЕСТИРЕГИОН

Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на казнените мерки

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека се исполнети сите барања на Европската Унија (ЕУ) за укинување на казнените мерки против Косово, кои беа воведени кон средината на минатата година, бидејќи официјална Приштина ги игнорираше барањата во врска со деескалација на состојбата во општините со српско мнозинство на северот.

Курти рече дека минатата недела ЕУ го одобрила Планот за економски раст за Западен Балкан – вреден 6 милијарди евра – со цел да се забрза европската интеграција на регионот.

„Мерките кои се во сила против Косово се спротивни на напорите на регионот за забрзување на интеграцијата во ЕУ, особено кога станува збор за Планот за раст и неговата цел. Ние продолжуваме со нашите напори да отвориме повеќе можности за реформи во рамките на дијалогот со ЕУ. Во тој контекст, ние ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки и тие мерки мора да бидат отстранети“, рече Курти на состанокот на Советот на министри за евроинтеграции на 2 мај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button