ВЕСТИРЕГИОН

Обвинителството во Подгорица отвори предмет против Мило Ѓукановиќ

Вишото државно обвинителство во Подгорица оформи предмет за разговор со поранешниот претседател на Црна Гора и ДПС Мило Ѓукановиќ.

Станува збор за интервју за Радио Антена М од Подгорица, во кое Ѓукановиќ последните апсења на неговите најблиски соработници ги нарече политички реваншизам и го спореди со крвна одмазда.

По детална анализа на разговорот, Вишото државно обвинителство по потреба ќе преземе и други мерки и дејствија со цел да донесе одлука за евентуално кривично дело, информираат за порталот РТЦГ од Вишото обвинителство во Подгорица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button