ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Едeн загинат и тројца повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани

Едeн загинат и тројца повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани

Триесет и деветгодишен скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, а жената и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница.

Пријавата во СВР-Штип е во 02:24 часот, изјави за МИА Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.

Несреќата се случила во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, автомобил марка рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички излетало од коловозот, а од здобиените повреди починал сопатникот И.М од Скопје.

Увидот во несреќата е во тек. Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани се одвива по двете коловозни ленти.

На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки, животите ги загубија пет лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button