СВЕТ

Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната

Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button