ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Земјотрес почувствуван во Охрид и Кичево

Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјава денеска во 6 часот и 32 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6.

Advertisements

Како што стои во соопштението, според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката и тоа во Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button