СПОРТФОРМУЛА - 1

Леклер е „шокиран и разочаран“ од доаѓањето на Хамилтон во Ферари

Шарл Леклер е „шокиран и разочаран“ од веста за доаѓањето на Луис Хамилтон во Ферари, пишува италијанскиот „Кориере дело спорт“. Овој весник, повикувајќи се на извори во Скудерија, наведува дека младиот возач е потресен од веста за промените во тимот, за кои не знаел ништо до последен момент.

„Кориере дело спорт“ наведува и дека во штабот на Леклер се загрижени дека Хамилтон би можел да ја добие улогата на прв и привилегиран возач во тимот, но истакнуваат дека ниту самиот возач, ниту неговите блиски соработници во наредниот период нема да се огласат во врска со веста, која дефинитивно го потресе мото спортот.

Леклер неодамна го продолжи договорот со Ферари на неопределено време, иако во јавноста се појавија неофицијални информации дека соработката е потпишана на уште три сезони. Во 2019 година тој се приклучи на италијанскиот тим од Заубер и го освои четвртото, осмото, седмото, второто и петтото место на шампионатот.

Сезонава ќе настапува во тандем со Карлос Саинц, а од 2025 година ќе го дели боксот со седумкратниот светски шампион.

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button