ВЕСТИРЕГИОН

Грчките земјоделци ќе ги блокираат граничните премини

Грчките земјоделци соопштија дека со тракторите ќе се упатат кон граничните премини и на неколку часа ќе ги блокираат.

Како што пренесува Катимерини, премиерот Киријакос Мистотакис навестил дека владата може да се раздели со својот досегашен помирувачки тон. Поконкретно и за прв пат, тој испрати остра порака до земјоделците, велејќи дека „никој не може да го уценува општеството, без разлика колку е фер барањето“.

Барањата на фармерите вклучуваат укинување на данокот за земјоделско дизел гориво, пониски трошоци за енергија, субвенционирана храна за добиток, како и 100% надомест на изгубениот добиток и приход од растителни производи. Тие исто така бараат да се ревидира Заедничката земјоделска политика на ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button