ВЕСТИРЕГИОН

Кокаин во вредност од 2,8 милиони евра запленет во Грција

Десетици пакувања со кокаин, сокриени во контејнер со банани од Еквадор, се запленети доцна синоќа од страна на грчката полиција на пристаништето Пиреја, пренесува Катимерини.

Царинските инспектори извршиле рендгенски преглед на сомнителниот контејнер и откриле органска материја во разладните единици.

При физичкиот увид биле откриени 46 пакувања во кои имало значително количество од недозволената материја.

Запленетиот кокаин се проценува на 2,8 милиони евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button