ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Снопче: Можеби имаат 100 активисти, но немаат членови на Собранието

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче, денеска изјави дека Зијадин Села и неговата група можеби имаат 100 активисти и поддржувачи, меѓу кои и Артан Грубин, но не и 100 членови на Собранието.

Advertisements

„Можат да имаат 100 активисти, но ниту еден член на Собранието…, можат да имаат 30 членови на Собранието. Нашата цел е благородна, ние стоиме на историската линија на АА, историската линија на АА е анти ДУИ, војна против ДУИ, да се скрши овој 20-годишен комунизам, да го урнеме комунизмот, да ја вратиме демократијата. Со обединувањето со албанската опозиција ДУИ може да ја победиме и да ја вратиме надежта кај албанското население. Имаме апсолутна поддршка од членството“, рече Снопче.

„Моето барање е главно до СДСМ да склучиме договор за партнерство со СДСМ. Ковачевски не добивал наредби од АА туку од група предводена од Артан Груби“, рече Снопче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button