
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по триумфот (4-0) над Џирона не сакаше многу да зборува за Килијан Мбапе. Новинарите инсистираат стратегот на Реал да каже нешто ново за најавеното доаѓање на Килијан Мбапе во Мадрид, но, сепак, италијанецот е резервиран и „политички“ коректен. Сепак, се чини дека малку претера во вчерашната изјава.
„Постојано ме прашувате за играч кој игра за друг тим. Тука веќе ги имаме најдобрите фудбалери во светот. Винисиус Жуниор е прв, Џуд Белингам е втор, Родриго е трет. Потоа се Тони Крос, Феде Валверде и Едуардо Камавинга“, изјави Анчелоти.
Јасно е дека секој тренер многу ги цени своите играчи, но, сепак, искусниот Анчелоти не беше објективен со својата изјава.