СПОРТФУДБАЛ

Барселона по потрага за тренер без отштета, Флик е на првото место

Барселона трага по нов тренер, откако Чави Хернандез најави дека по крајот на сезоната си заминува од клубот. Ситуацијата во моментов не налага тренер кој е желба на Барселона, па така „каталонците“ поради финансиските проблеми ќе се решат за бесплатно решение.

Желба за Барселона беше португалскиот стручњак Рубен Аморим, актуелниот тренер на Спортинг. Но, откако е јасно дека за него треба да платат отштета, ќе се свртат кон бесплатно решение, па така многу веројатно е дека екс тренерот на Баерн Минхен, Ханс Флик ќе го презеде кормилото.

Информациите велат дека се било договорено до таа мера што Флик почнал да учи и шпански јазик, за да се пресели во Каталонија идната сезона. Спортинг за Аморим бара 30 милиони евра, пари кои во моментов Барселона не може или не сака да си ги дозволи, па така германецот Флик засега е идеално решение.

Флик е без ангажман откако во септември минатата година сосема неочекувано беше сменет од кормилото на германската репрезентација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button