Влез во Албанија и со стари лични карти

Екипата на Алсат премина на албанскиот дел од граничниот премин Ќафасан. Албанските погранични служби без проблем ги пропуштаат македонските државјани без разлика дали границата ја поминуваат со лични карти или пасоши на кои пишува старото уставно име или со нови документи со Република Северна Македонија.
Оние со кои разговаравме велат дека е добро што властите во Тирана не прават никакви проблеми, бидејки голем број граѓани, особено оние од пограничните места, како Струга и Охрид, секојдневно одат на еднодневни посети во Албанија.
„Албанската полиција не ми направи никаков проблем за влез во Албанија. Имам стара лична карта со старото име, но на албанска страна без проблем ме пуштија да влезам“, вели еден возач.
„Немаме никаков проблем на граница ниту на макеоднска ниту на албанска страна. Во моментот превезуваме 4 патници на линијата Куманово-Тирана. Мислам дека Албанија нема да прави проблеми што се однесува до нашите документи“, рече еден возач на автобус.
Од МВР велат дека сообраќајот меѓу двете држави се одвива без проблеми и вообичаено. На излез од Македонија регистрирани се 147 македонски државјни.
„Во периодот од 00.00 часот до 10.00 часот, денес 13.02.2024 година, во споредба со вчерашниот ден собраќајот на патници и возила на ГП Ќафасан бележи зголемување, односно се одвива нормало и непречено без никакво застој од албанска страна.Конкретно од 00.00 ч до 10.00 ч регистрирана е бројка, на влез 62 наши државјани,441 странски државјани или вкупно 503 патници. Полициските службеници од граничен премин Ќафасан ги преземаат сите потребни мерки за полесен проток на патници и возила“, рече Мерлина Зиба-портпарол во СВР Охрид.
Но денес мал беше бројот на граѓани на Македонија кои ја поминуваа границата, тоа го забележа и нашата камера, поголеми гужви имаше за влез во Македонија. Исто така се дозволува влез и на моторни возила со код на регистерските таблички без НМК. Граничниот премин Ќафасан е најфрекфентен со Албанија и одовде дневно поминуваат и по неколку стотина автомбили и камиони.
Мики Трајковски