ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одблокирана постапката за избор на член на ДИК

Комисијата за избори и именувања конечно ја одблокираше постапката за избор на член на ДИК, по повлекувањето на предлогот на Европската демократска партија, Зулфи Адили. Пратениците ќе треба да гласаат за изборот на Абдуш Демир, кој е кандидат поддржан од Беса, Алтернатива и Демократско движење. Во комисијата поддршка стигна од 10 пратеници кои гласаа „за“, а само еден беше „воздржан“. Оваа поддршка албанската опозиција ја очекува и на пленарна седница, бидејќи членовите на ДИК мора да се изгласаат со 2/3 од гласовите. Досега директно ги обвинуваа ДУИ и поранешниот прв човек на Собранието, Талат Џафери, за кочење на постапката.

Advertisements

„Конечно дојдовме до овој момент кога се спроведува законот испразнетото место во ДИК да се пополни со член на албанската опозиција. Многу е важно да имаме комплетна ДИК и да  имаме фер и демократски избори. Ние како коалиција бараме од сите пратенички групи да го поддржат нашиот кандидат за член на ДИК и бараме од претседателот на Собранието што поскоро да свика пленарна седница и да го стави на дневен ред изборот на член на ДИК . Воопшто не треба да размислуваме дали ќе гласаат за тоа или не. Тие имаат обврска да гласаат за членот на ДИК“, рече Сафије Шахини Садику, координаторка на пратеничката група на ЕСП

Од кабинетот на претседателот на Собранието, Јован Митревски, соопштија дека на вообичаената координација во понеделник ќе се одлучува кога на дневен ред ќе биде изборот на член на ДИК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button