
Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска во видеопорака изјави дека ќе ја продолжи работата на својот сопруг и ќе се бори за слободна Русија.
„Сакам да живеам во слободна Русија, сакам да изградам слободна Русија“, рече Навални во видеопораката со наслов „Ќе ја продолжам работата на Алексеј Навални“.
„Владимир Путин го уби мојот сопруг“, додаде таа нагласувајќи дека ќе работи со рускиот народ за да се бори против Кремљ и да создаде нова Русија.
Кремљ негираше вмешаност во смртта на Алексеј Навални. Неговата сопруга ги обвинува руските власти дека го кријат неговото тело и чекаат да исчезнат трагите од нервниот агенс новичок. Сојузниците на Навални знаат зошто тој е убиен и наскоро ќе ги откријат деталите, вклучително и имињата на оние кои се вмешани во неговото убиство, рече Јулија.