Елези: Бујар Османи ги заборави албанските интереси, не може да биде кандидат за претседател Албанец

Бујар Османи ги заборави албанските интереси во регионот, а зад себе остава и коруптивни афери, па во никој случај не може да биде соодветен кандидат за претседател Албанец, рече на денешната прес конференција Амир Елези од Европското движење за промени.
„Тој кандидат не ги застапува Албанците во Северна Македонија. Промовиран како прв албански министер за надворешни работи кај нас, го завршува својот мандат без ниту една посета во Република Косово. Претседавањето со ОБСЕ од Бујар Османи не му донесе никаква корист на Косово, тоа е евидентно…организацијата на Самитот на ОБСЕ во Скопје, ја обелодени неговата коруптивна тенденција, што тој и самиот призна и се извини. Овие и други податоци, што ќе ги објавиме наредните денови се доволно докази да се разбере дека секој од ДУИ може да биде прифатлив како Албанец, но Бујар Османи не може да биде кандидат на Албанците во Северна Македонија“, рече Елези.