
Обезбедувањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, денеска околу 10:35 часот, добило известување дека ученик од осмо одделение носи нож во ранецот, пренесува Танјуг.
Ученикот е пронајден и донесен кај директорот на училиштето, но наставата е прекината и останатите ученици се пуштени дома.
„Децата се доволно трауматизирани и ова им е дополнителен стрес. Како родители многу сме загрижени, училишната средина мора да биде безбедна за нашите деца – изјавил за српските медиуми еден од родителите.
Како што се наведува, никој не е повреден, ниту ученикот некому се заканувал.
Според полицијата, ученикот рекол дека ножот што бил пронајден во неговиот ранец не е негов.
Лани, на 3. мај, во ова основно училиште се случи трагедија кога ученик (14), со огнено оружје уби 8 соученици и еден припадник на обезбедувањето, а рани уште шестмина ученици и еден наставник.