ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Земјотрес почувствуван во Струга и околината
![](https://alsat.mk/mk/wp-content/uploads/2022/05/Termet-1.jpg)
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11 часот во југозападниот дел од државата.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 119 километри југозападно од Скопје, односно во соседна Албанија.