ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковид-19 „нè спаси“ од сезонскиот грип, има 60% помалку болни од лани

Од прогласувањето на пандемијата, сезонскиот грип „излезе од игра“. Многу граѓани се лекуваат дома без да се пријават во здравствените установи. Можеби и од страв да не се заразат од коронавирусот, бидејќи симптомите се многу слични, единствената разлика е во губењето на вкусот и мирисот, велат инфектолозите. Институтот за јавно здравје информира дека есенва бројот на заболени од сезонски грип е симболичен.

Advertisements

„Во сезоната 2020/2021, вкупниот број на регистрирани пациенти е 259 или 12,5 на 100 илјади жители. Ова покажува дека 60,6% помалку луѓе се заболеле од сезонски грип отколку минатата година.“

Центарот за јавно здравје во Скопје соопшти дека влијаело и вакцинирањето против грип за што беа дадени 40.000 дози.

Од Здравствениот дом во Скопје велат дека и зголемената грижа на граѓаните за своето здравје довело до помал број на заболени од грип. Поради коронавирусот многумина редовно пијат и разни витамини, па тоа го јакне организмот во борбата против вирусите.

„Како што знаете, трошоците се зголемија за три пати повеќе поради пандемијата и ние нормално направивме промена на буџетот со прекинување на некои проекти кои во моментот не се важни и ги одвоивме средствата што ќе ни служат за битката против оваа болест.“

Минатата календарска година според ИЈЗ имало 20,9 пациенти болни од грип на 100 илјади жители. Во споредба со другите 10 зимски сезони за 37% е намален бројот на заболени од сезонски грип. Според возраста, најмногу заболувале граѓаните од 15 до 64 години.

Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button