СВЕТ
Хутите погодиле подводни кабли, отежната комуникацијата меѓу Европа и Азија

Јеменските Хути погодија четири подводни комуникациски кабли во Црвеното Море меѓу Џеда во Саудиска Арабија и Џибути, загрозувајќи ја комуникацијата меѓу Европа и Азија.
Според Globes, станува збор за кабли на компаниите AAE-1, Seacom, EIG и TGN. Нападот предизвикува сериозен прекин на интернет комуникацијата меѓу Европа и Азија, а најголемата штета е почувствувана во земјите од Персискиот залив и Индија.
Се проценува дека штетите на комуникациските активности се значителни, но не и критични, бидејќи низ истиот регион минуваат и други кабли што ги поврзуваат Азија, Африка и Европа, кои засега не се засегнати.