ВЕСТИСВЕТ

Столтенберг: НАТО не планира да испрати борбени трупи во Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата не планира да испрати борбени трупи во Украина, пренесува ABC News.

Тој рече дека земјите-членки на НАТО и даваат поддршка без преседан на Украина.

Тоа го правиме од 2014 година. Меѓутоа, нема планови за распоредување борбени трупи на НАТО во Украина“, посочи Столтенберг.

Отфрлајќи ја можноста за воена акција на НАТО, Столтенберг повтори дека рускиот напад врз Украина сериозно го крши меѓународното право и дека врз основа на тоа, украинската страна има право на самоодбрана.

Пред посетата на Париз во понеделникот, кадешто највисоките функционери од над 20 земји разговараа за опциите за зголемување на помошта за Украина, словачкиот премиер Роберт Фицо рече дека некои размислуваат да склучат билатерални договори за испраќање војници во Украина за да ѝ помогнат да се одбрани до руската инвазија.

Фицо потенцираше дека неговата влада не планира да предложи испраќање словачки војници, но не даде детали за тоа кои земји би можеле да размислуваат за такви договори со Украина.

Претседателот на парламентот Петер Пелегрини исто така истакна дека Словачка нема да распореди војници во Украина.

Чешкиот премиер Петр Фиала, одби да дава поширок коментар, но рече дека „Чешката Република сигурно не сака да испраќа свои војници во Украина“.

Премиерот Доналд Туск, исто така, денеска стави до знаење дека ниту Полска не планира да испраќа свои војници во Украина.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button