ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Ерупцијата на Попокатепетл предизвика хаос на аеродромот во Мексико

Мексиканскиот центар за превенција од катастрофи соопшти дека вулканот Попокатепетл, што се наоѓа на само 80 километри од главниот град, еруптирал дури 13 пати во претходните 24 часа и го повика населението на внимателност од лавата и пепелта што ги исфрла.

Advertisements

Вулканската пепел уште во вторникот ги прекина летовите од најголемиот аеродром во Мексико Сити и доведе до затворање на аеродромот во градот Пуебла, што е уште поблиску до вулканот.

Аеродромот во Мексико Сити во денешното соопштение предупреди дека „сите летови може да бидат откажани“ затоа што голем број летови доцнат или се одложени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button