ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Сејдиу: Победата на опозицијата почна уште пред изборите

Победата на опозицијата почна уште пред изборите, а хибридната моќ на ДУИ и СДСМ ја загуби битката за целосна контрола на Државната изборна комисија (ДИК), рече на денешната прес конференција Блерим Сејдиу од коалицијата ВЛЕН.
„Благодарение на големиот притисок од коалицијата ВЛЕН и граѓаните, но и на постојаниот притисок врз владата од меѓународните партнери, САД и ЕУ, хибридната моќ на ДУИ и СДСМ ја загуби битката за целосна контрола на ДИК. Собранието вчера, со 90 гласови – за и ниту еден против, го изгласа кандидатот на ВЛЕН за член на ДИК, Абдуш Демири“, рече Сејдиу.