ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Инспекторите ќе ја следат состојбата со цените на терен

Инспекцискиот совет најавува дека ќе ја следи состојбата со цените на прехранбените производи по прекинување на важноста на мерката за гарантирани цени, но оттаму велат дека треба малку да се остави и на совеста на производителите и на трговците кои треба да бидат во функција на граѓаните.

– Сведоци сме дека Државниот пазарен инспекторат во изминатиов период беше активно на терен и тоа најдобро можеа да го почувствуваат граѓаните бидејќи постојано ги контролираше гарантираните цени. Сега малку да оставиме и на совеста на субјектите на надзор, односно на производителите и на трговците. Во очекување сме на донесување на системско решение на Законот за забрана на нефер трговски практики особено во трговијата со земјоделски и прехранбени производи. Секако, инспекторите од Пазарниот инспекторат и понатаму будно ќе ја следат ситуацијата на терен и се надеваме дека и субјектите на надзор, односно маркетите ќе бидат во функција на граѓаните, изјави денеска претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button