МАКЕДОНИЈА

Грковска: Не смее да се употребуваат државни ресурси во партиски цели во текот на кампањата

Изборите се тест за демократската зрелост. Не смее да се употребуваат државни ресурси во партиски цели во текот на изборната кампања. Функционерите и избраните и именуваните лица треба да се придржуваат до Етичкиот кодекс и да прават разлика меѓу партиските и државните активности, вели вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

– Во насока на тоа да нема повторување на она што се случувало во минатото испратив отворено писмо до сите субјекти, без разлика на кое ниво на власт се, да ги потсетам за обврските што ги имаат дека треба да прават разлика меѓу партиските и државните активности и дека не смее да се употребуваат државни ресурси за партиски цели во текот на кампањата. Како лице задолжено за следење на Етичкиот кодекс за избрани и именувани функционери од страна на Владата досега и како Кабинет сме постапувале по сите наоди што сме ги добиле без разлика дали се од медиумите или од ДКСК, како и од граѓани, меѓутоа се надевам дека сите тие постапки што сме ги имале и опомените што сме ги дале ќе бидат предупредување за останатите за тоа како и на каков начин треба да се однесуваат во овој период, изјави Грковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button