
Викендов продолжуваат борбите во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а Фудбалската федерација на Македонија веќе ги одреди делителите на правдата за 21. коло.
Сите шест натпревари ќе се одиграат в недела, а дефинитивно сите очи ќе бидат вперени кон дербито во Тетово меѓу екипите на Шкендија и Вардар. Главен судија на Градскиот стадион во Тетово ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци, а нему ќе му асистираат Салѓан Маркоски и Драган Трпчевски.
Возбудливо се очекува да биде и во Гостивар, каде амбициозниот домаќин ќе ја пречека разиграната Брера Струмица, а на центарот на овој натпревар ќе застане Ндерим Тефику од Куманово.
Прва Лига – 21 коло
Гостивар – Брера Струмица
Македонија Ѓ.П. – Воска Спорт
Работнички – Брегалница
Шкендија – Вардар
Шкупи – Тиквеш
Силекс – Струга Т.Л.