ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Во мојот втор мандат очекувам да станеме членка на ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски очекува неговата кандидатура за претседателските избори официјално да ја добие поддршката од владејачката СДСМ во недела. Како што додаде тој, поддршката од останатите коалициски партии ја очекува од понеделник.

„На 3-ти март, во недела, според моите информации, очекувам и СДСМ да ја формализира својата поддршка за мојата кандидатура, а веднаш потоа, од понеделник, тоа да го направат и останатите десетина политички парии од таа коалиција“, рече Пендаровски.

Пендаровски додаде дека ги очекува гласовите од сите етнички заедници и ги повика граѓаните да го стават својот потпис за неговата кандидатура.

„Во мојот прв мандат станавме членка на Алијансата. Очекувам во мојот втор мандат да станеме членка на ЕУ“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button