
Ливерпул направи официјална истрага дали е можно да го доведе Чаби Алонсо, но некако тивко Баерн одлично си ја врши работата и се чини дека успеа да го ангажира шпанскиот тренер. Информациите од Германија се такви дека Алонсо ја отвори вратата за премин во Баерн, што секако е разочарувачка вест за сите навивачи на „црвените“ кои го гледаа како наследник на Јирген Клоп.
Ситуацијата е таква што Баерн веќе почна да работи на понатамошните чекори и висината на отштетата што ќе треба да му биде исплатена на „фармацевтите“, бидејќи Алонсо нема излезна клаузула. Некои информации говорат дека Баварците на финансиски значително инфериорниот ривал ќе му платат сума меѓу 15 и 25 милиони евра, а клаузулата од 15 милиони евра е активна од 2025 година.
Договорот на Баер и некогаш одличниот играч за врска трае до летото 2026 година и лидерот во Бундеслигата сигурно нема да го пушти така лесно, особено не во Баерн.