
УЕФА, ја одржа ждрепката за квалификациската фаза за следното Европско Првенство за дами кое ќе се одржи во 2025 година во Швајцарија. За првпат патничките на следниот континентален шампионат ќе се игра преку лигашки модел, по примерот на Лигата на Нациите.
Репрезентациите поделени во три дела: Лига А, Лига Б и Лига Ц ќе се борат за местата на турнирот. Од најсилната конкуренција, Лига А по два првопласирани тима од четирите групи ќе заземат осум места на Европското првенство.
Што се однесува до Лига Б и Лига Ц, патот до шампионатот е потежок бидејќи репрезентациите би играле плеј-оф дуели./Gol.mk./
Групите во Лига Ц во која ќе игра Македонија:
Група Ц1: Белорусија, Литванија, Кипар, Грузија
Група Ц2: Словенија, Летонија, Македонија, Молдавија
Група Ц3: Грција, Црна Гора, Андора, Фарски Острови
Група Ц4: Романија, Бугарија, Казахстан, Ерменија
Група Ц5: Албанија, Естонија, Луксембург