
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека не е забележан ниту еден случај на позитивен допинг тест во изминатата 2023 година.
Во натпреварите под капата на ФИФА беа направени преку 2.600 тестови од фудбалери и фудбалерки, но ниту еден од нив не даде позитивен резултат. Ова е многу добра вест од страна на ФИФА, откако во 2022 година имаше пет случаи на позитивни тестови.
Инаку, во минатата година беа тестирани 860 фудбалерки и 732 фудбалери