СВЕТ

„Ројтерс“: САД подготвуваат нов пакет воена помош за Украина

„Ројтерс“: САД подготвуваат нов пакет воена помош за Украина

САД подготвуваат нов пакет на воена помош за Украина во вредност до 400 милиони долари, изјавија денеска двајца анонимни функционери за „Ројтерс“, додавајќи дека објавата се очекува да биде потврдена во текот на денот.

Ова е прв ваков потег по неколку месеци, додека дополнителните средства за Киев се блокирани во Конгресот од републиканските лидери.

Advertisements

Еден од изворите рекол дека финансирањето за новиот пакет воена помош доаѓа од заемите што му се вратени на Пентагон за најновите набавки.

Претседателот Џо Бајден ја поддржува Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, додека неговиот најверојатен ривал на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп, има повоздржан став по ова прашање.

Претставничкиот дом е под притисок да одобри пакет помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Индо-Пацификот. И додека Сенатот даде зелено светло, претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон се спротивставува на ставање на законот на гласање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button