ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ескобар: По изборите во мај Скопје да има Влада посветена на НАТО и ЕУ

Ескобар: По изборите во мај Скопје да има Влада посветена на НАТО и ЕУ

Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, ја почна европската мини-турнеја во чии рамки во нашиот регион ќе ги посети Црна Гора и Косово. Запрашан зошто не доаѓа и во Македонија, тој денеска на средба со новинарите во Брисел, одговори дека причина се изборите во државава. Наведе дека очекува по изборите во мај во Скопје да има Влада, која ќе биде посветена на НАТО и интеграцијата во Европската унија.

„Претходната влада беше посветена на членството во НАТО и на патувањето кон ЕУ. Нашите очекувања се дека Владата, која ќе произлезе од изборите, исто така ќе биде посветена на членството во НАТО, влезот во ЕУ и борбата против корупцијата“, изјави Ескобар.

Тој утре ќе престојува во Приштина./Алсат.мк

Арта Тахири

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button