ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Дел од компаниите ќе ги задржат гарантираните цени до 15-ти мај

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека веќе е создаден ред со цените на храната по завршувањето на мерката „гарантирана цена“, откако дел од компаниите најавија дека ќе ги задржат гарантираните цени до 15 мај годинава.

Advertisements

Тој уверува дека системското решение е законот за забрана на нефер трговски практики што денеска е на пленарна седница во Собранието.

„Очекувам да е создаден редот. Првите реакции на стопанствениците минатата недела беа навистина позитивни, за охрабрување и рекоа заради тоа што сакаат да бидат општествено одговорни ќе ги задржат истите замрзнати цени до 15 мај. Тоа се неколку компании и тоа е охрабрување дека сепак наспроти сè што се случуваше во изминатиот период кога нема нарушување на вредносниот ланец, ланецот на набавка дека стопанствениците знаат да бидат општествено одговорни и да не прават притисок кон крајните корисници. Секако, законот е системско решение, решение кое што сме го немале и го немале никаде во Европа, е ново решение според ЕУ-директивите и мислам дека конечно ќе значи правиот пат којшто сите го бараме, а тоа е патот кон европската интеграција“, одговори Битиќи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button