СПОРТФУДБАЛ

Микел Aртета за судирот за Консеинсао: Немам коментар!

Тренерот на Порто, Серхио Консеисао имаше вербален судир со Микел Артета, после натпреварот со Арсенал во Лигата на Шампионите.

Консеисао го обвини Артета дека му го навредувал семејството, и човек кој повеќе не е на овој свет. На ова одговор немаше Артета, кој прашан за обвинувањата од Консеисао, само кратко одговори:

„Немам коментар, ви благодарам“, изјави Артета.

 

За натпреварот, менаџерот на Арсенал даде свое мислење.

„Мислам дека доминиравме во двата натпревари и заслужено победивме. Во последните денови вежбавме пенали, и тоа се исплатеше“, изјави тренерот на „топчиите“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button