КОШАРКАСПОРТ

Ненад Димитријевиќ, од Уникс Казањ се сели во Милано

Ненад Димитријевиќ, дефинитивно на крајот од сезонава си заминува од Уникс Казањ и го прави следниот чекор во кариерата – преселба во Евролигата. Италијанскиот гигант Олимпија Милано ќе биде нов клуб на Македонецот, откако се договорени сите детали за двогодишна соработка, со која Димитријевиќ ќе биде дел од екипата од Милано најмалку до 2026 година.

Олимпија Милано има разочарувачка сезона во Евролигата, не успевајќи да обезбеди место во плејофот и покрај сериозните инвестиции во играчките кадар и звучните засилувања предводени од Никола Миротиќ.

Тренерот Еторе Месина планира ремонт на бековската линија, најавено е и заминување на Шилдс, а Димитријевиќ ќе биде главен организатор на играта на Милано во наредните две години. Воедно, тој ќе биде едно од главните засилувања на италијанскиот гигант заедно со центарот Џош Нибо, кој ќе пристигне од редовите на Макаби.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button