СПОРТФУДБАЛ

Словенец Шешко во рекорден трансфер доаѓа на „Сан Сиро“?!

Милан во летниот преоден рок ќе остане без Оливие Жиру. Ветеранот како слободен играч се сели во САД, а клубот ќе мора да најде замена. Тројца играчи се поврзуваат со Милан: Бенјамин Шешко, Џошуа Зиркзе и Серху Гираси, а според медиумите рв пик е репрезентативецот на Словенија.

„Газета Дело Спорт“ во своето денешно издание пишува дека Шешко има излезна клаузула од 65 милиони евра, која може да се зголеми за дополнителни десет милиони доколку играчот не го напушти клубот во раната фаза од летниот преоден рок.

Овој извор пишува дека ситуацијата во Милан одамна е таква што клубот прво мора да заработи пари од продажба на играчи за да инвестира дел од нив во засилувања, како и дека многу англиски клубови се заинтересирани за Шешеко (20).

Словенецот оваа сезона постигна 16 гола на 40 натпревари. Доколку трансферот биде реализиран, Милан ќе го урне клупскиот рекорд. Трансфер рекордот го држи Рафа Леао за кого клубот издвои 49 милиони евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button