КОШАРКАСПОРТ

Очекувано, Виктор Вембанјама е дебитант на годината во НБА

Францускиот репрезентативец и прв пик на ланскиот драфт Виктор Вембанјама очекувано е прогласен за дебитант на годината во НБА лигата.

Кошаркарот на кого му предвидуваат блескава кариера, едногласно е избран за добитник на ласкавото признание бидејќи ги доби сите 99 гласа за првото место. Бројките од неговата дебитантска сезона говорат дека сето тоа е апсолутно заслужено и покрај тоа што имаше голема конкуренција во Чет Холмгрен кој имаше одлична сезона со Оклахома Сити Тандер.

Вембанјама е прв играч во историјата на НБА кој во својата дебитантска година постигнал над 1.500 поени (1.522), над 700 скока (755) и над 250 асистенции и блокади (274/254) и притоа погодил повеќе од 100 тројки (128). Сезоната ја заврши со просек од 21,4 поени, 10,6 скока и 3.9 асистенции. Освен тоа, остваруваше и по 3,6 блокади поради што е во конкуренција и за дефанзивец на годината.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button