СПОРТФУДБАЛ

Енрике: Да играме како на првиот меч и не го менуваме нашиот менталитет

Париз Сен Жермен на домашен терен ќе брка еден гол негатива против Борусија Дортмунд во реваншот од полуфиналето од Лигата на шампионите. Тренерот на „светците“, Луис Енрике, го најави натпреварот и кажа дека е уверен дека неговиот тим може да дојде до посакуваниот резултат и пласманот во финалето.

„Улогата на навивачите ќе биде важна исто како што ни беше цела сезона и знам дека сите ќе бидат зад нас. Во Дортмунд атмосферата беше неверојатна и го очекуваме истото на „Паркот на Принцевите“. Само една фраза знам на француски: „On va a gagner“ (Ќе победиме н.з.). Тренерот е лидер и тој мора да создаде самодоверба кај играчите. Работам секој ден за да дојдам до тоа. Идеата е да играме како на првиот меч и нема да го промениме нашиот менталитет“, изјави Луис Енрике.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд стартува во вторник со почеток од 21:00 часот. Првиот натпревар заврши со резултат 1-0 за „милионерите“ со голот на Никлас Фулкриг,

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button