СПОРТФУДБАЛ

Терзиќ: Имаме добар план и добра идеја како да играме против ПСЖ

Един Терзиќ, тренерот на Борусија Дортмунд, е свесен дека неговата екипа ќе има двојно потешка задача на реваншот кај ПСЖ, каде ќе брани еден гол предност. Пред вториот дуел од полуфиналето во Лигата на шампионите, стратегот кажа дека сите имаат нов план.

„Мора да правиме се заедно – имаме добар план и добра идеја. ПСЖ сигурно ќе биде подобар отколку што беше минатата недела. Ние ќе мора да го заслужиме билетот за финалeто и ќе се бориме за тоа. На меѓусебната средба во Париз во групната фаза не се cнајдовме баш најдобро на терен. Ни фалеше смелост во повеќе зони. Во двата меча во Дортмунд, пак, покажавме дека може да играме подобро со ПСЖ“, изјави Терзиќ.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд стартува во вторник со почеток од 21:00 часот. Првиот натпревар заврши со резултат 1-0 за „милионерите“ со голот на Никлас Фулкриг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button