КОШАРКАСПОРТ

Далас Маверикс поведе со 3-0 во серијата од финалето во Западната Kонференција

Екипата на Далас Маверикс одигра уште еден одличен натпревар и со победа над Минесота Тимбервулвс (116-107) поведе со 3-0 во серијата од финалето во Западната конференција, па се наоѓа на еден триумф од големото НБА-финале.

Дуелот меѓу двата тима тргна во знакот на Далас, имаше тимот од Тексас двоцифрена предност, но Минесота предводена од Конли кој беше расположен во шутот за три и Таунс се врати во мечот и така имаше неизвесна игра до самиот крај.

Мечот се „скрши“ кога од 104-104, Минесота влезе во грешки, а тоа Далас мудро го казни и се одлепи на 116-105. Натпреварот го одбележаа двете ѕвезди на Далас Маверикс, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг кои погодуваа кога беше најпотребно. Двајцата комбинираа повеќе од 50% од поените на својот тим. Двајцата дадоа по 33 поени за Далас, додека кај Минесота, Едвардс заврши со 26 поени, пред Конли со 16 поени.

Следниот натпревар меѓу Минесота Тимбервулвс и Далас Маверикс се игра на 29 мај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button