СПОРТФУДБАЛ

Кејн, вториот англиски фудбалер кој ја освојува европската „Златна копачка“

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, е најдобриот стрелец во Европа. Тој е вториот англиски фудбалер кој ја освојува европската „Златна копачка“. Кејн од денеска и официјално е најдобар стрелец во Европа со вкупно 36 постигнати голови во германското првенство.

Кога ќе се помножат головите со 2.00, што е коефициент за германската Бундес-лига, се добива бројка од 72, што е највисока од сите напаѓачи во Европа. Зад себе ги остави Гираси, Халанд, Мбапе, а Топ 5 го комплетира Опенда од Лајпциг.

Хари Кејн оваа сезона не успеа да освои трофеј со Баерн Минхен, но го освои индивидуалното признание за голгетер на сезоната во Европа. Претходниот добитник беше Ерлинг Халанд, а претходниот aнгличанец кој ја освои „Златната копачка“ беше Кевин Филипс од Сандерленд.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button