СПОРТ

Хокеарите на Чешка по седми пат во историјата станаа светски шампиони

Хокеарите на Чешка по седми пат во историјата станаа светски шампиони, совладувајќи ја Швајцарија во финалето во Прага со 2:0 (0:0, 0:0, 2:0). По 14 години, Чешка повторно ја освои светската круна, додека Швајцарија и натаму е без злато. Досега Швајцарите имаат освоено 12 медали, четири сребрени и осум бронзени.

Финалето беше решено во последната четвртина. Давид Пастернак го доведе чешкиот тим во предност на 10 минути пред крајот од мечот, а победата ја потврди Давид Кампф со гол на 19 секунди пред крајот. Одличен настап имаше и чешкиот голман Лукаш Достал кој забележа 31 одбрана.

Во мечот за третото место Шведска ја победи Канада со 4:2 (1:0, 0:1, 3:1). Тоа беше прв медал за Швеѓаните, по 2017 и 2018 година. Вкупно тие имаат освоено 48 медали, од кои 11 златни, 19 сребрени и 22 бронзени.

Следната година елитните групи на СП ќе се одржат во Шведска и во Данска. Од СП годинава испаднаа Велика Британија и Полска, а се враќаат Словенија и Унгарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button