ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кумановци сè уште купуваат вода за пиење

Кумановци сè уште купуваат вода за пиење. Надлежните од јавното претпријатија „Водовод“ и граѓаните го чекаат последниот резултат од земените мостри од центарот за јавно здравје за да може да ги соопштат резултатите. Законските родови се децидни и потребни се три последователни анализи на земени мостри од различни локации. Препораките на надлежните е водата да се преврива и да се користи како техничка сè до конечна потврда од центарот за јавно здравје.

Според законските процедури до утре до 14 часот би требало да ги добиеме резултатите од трите последователни анализи од мострите земени од десет локации низ градот, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Оливер Стојмановски.

Екипите на Центарот за јавно здравје првите резултати ги зедоа во четврток, вторите во петокот, третите во саботата. За секоја анализа потребни се по 48 часа.

– И денеска ќе бидат земени мостри од десет локации за хемиска и микробиолошка анализа, додава Стојмановски.

Од кумановската општа болница информираат дека сè до последните резултати пациентите ќе ги праќаат во скопските клиники и болници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button