СПОРТФУДБАЛ

Познати се потенцијалните противници на Струга Трим Лум во Европа

Познати се сите потенцијални ривали на Струга Трим Љум во првото квалификациско коло од Лигата на Шампионите каде македонскиот првак ќе настапи поради титулата.

Триесет клуба ќе бидат дел од првата рунда, а Струга ќе биде меѓу петнаесетте неносители. Четири тима од сите на листата се најповолни за стружани, меѓу нив може да се вбројат Линколн Ред Импс од Гибралтар, ТНС од Велс, Петрокуб од Молдавија и Балкани од Косово.

Сите имаат досега играно со екипи од Македонија. Линколн испадна од Шкупи, ТНС има испаднато од Шкендија, Петрокуб со многу мака го има минато Силекс, а Балкани беше последен ривал на Шкупи на патот кон плејофот во Конференцсиската лига.

Желба е да се избегнат четирите моќници меѓу носителите во оваа група, тоа се унгарски Ференцварош, азербејџански Карабах, словачка Слован Братислава, бугарски Лудогорец, романска ФЦСБ.

Доколку Струга Трим Љум го мине првото квалификациско коло од Лигата на Шампионите, ќе има најмалку плејоф во Конференциската Лига на УЕФА, филтер до кој стигна и лани, но испадна од Брејдаблик од Исланд.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button