ВИДЕО / Инцидент на мечот Медведев – Руне, реагираше и судијата

Русинот Данил Медведев е последниот полуфиналист во Индијан Велс, откако го надигра Холгер Руне со 7-5, 6-4 по двоиполчасовна борба.
Дуелот го одбележа инцидентот на отворањето на вториот сет. Данецот удри топка така што гаѓаше право во Медведев кој беше на мрежата, а потоа после неколку удари освои поен. Медведев се изнервира што Руне, наводно, не се извинил, па при следниот поен го подигна шорцот што можеше повеќе, со што го исмејуваше данецот кој игра со кратки шорцеви.
Но, преку видео-снимка се виде дека Руне се извини веднаш по ударот во телото на Данил, па по краток разговор со судијата набрзо се заврши со ракување на двајцата на мрежа.
Medvedev vs. Rune is getting a little spicy 🌶#IndianWells | #TennisParadisepic.twitter.com/gSMJUNekXe
— BNP Paribas Open (@BNPPARIBASOPEN) March 15, 2024