ВЕСТИСВЕТ

Најмалку 29 Палестинци загинаа додека чекаа да биде доставена помош во Газа

Најмалку 29 Палестинци загинаа додека чекаа помош во два одделни израелски напади во Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство под контрола на Хамас.

Во првиот инцидент, според извештајот на Хамас, осум лица биле убиени во воздушен напад во четвртокот врз центар за дистрибуција на помош во кампот Ал-Нусеират во централниот дел на Појасот Газа, пренесува Ројтерс.

Во друг напад, најмалку 21 лице загина, а повеќе од 150 се ранети, а овој напад, според Хамас, бил изведен во четвртокот вечерта врз Палестинците кои чекале ред за помош на кружниот тек „Кувајт“ во Газа.

Локацијата и претходно беше цел на напади врз Палестинците кои чекаа ред за хуманитарна помош.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button