СПОРТФУДБАЛ

Арсенал тргнува по младиот талент на Ајнтрахт Франкфурт

Екипата на Арсенал ги следи настапите на младиот талент на Ајнтрахт Франкфурт, Хуго Ларсон. 19-годишниот играч од средниот ред го привлече вниманието на „топчиите“, кои го зголемуваат интересот за него, тврди „Билд“.

Advertisements

Ајнтрахт можеби ќе мора да се раздели со неколку играчи во текот на летото доколку не успее да се пласира во европските натпреварувања. Арсенал има намера да го искористи ова и ќе се обиде да го купи швеѓанецот. Сепак, неговото привлекување на „Емирати“ нема да биде така лесна задача, бидејќи играчот има договор до 2028 година, а германскиот клуб одреди отштета од 80 милиони евра.

Ларсон беше доведен во Ајнтрахт од Малме летото за само 9 милиони евра, но брзо се наметна во тимот. Досега има забележано 30 натпревари, два гола и две асистенции за тимот од Франкфурт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button