СПОРТ

Ѓорческа се пласираше во големото финале на турнирот во Кипар

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во големото финале на турнирот во Аламинос Ларнака, Кипар откако славеше против италијанката, Нурија Бранкацио со 2-0 (7-5, 6-4) во меч кој траеше 101 минута.

Во финалето за противничка ќе ја има петтата носителка Луција Ќириќ Багариќ од Хрватска која во полуфиналето се сретна со Андреа Лазаро Гарсија.

Шпанската тенисерка го предаде мечот откако првиот сет заврши со 6-0 за Кириќ Багариќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button