СПОРТФУДБАЛ

Мурињо потврди кога планира да ја заврши кариерата

Португалскиот стратег Жозе Мурињо кажа кога планира да ја заврши кариерата. Тој е невработен од јануари 2024 година, откако ја напушти Рома.

„Ќе ја завршам кариерата помеѓу 2035 и 2040 година. Дотогаш ќе продолжам да победувам. Мојата историја е веќе напишана, така што никој не може да ја избрише“, изјави Мурињо (61) за „A Bola“.

Кариерата на португалецот како главен тренер започна во 2000 година, кога ја презеде Бенфика. Мурињо беше на чело и на Леирија, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button