ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Роковите за приговори за Претседателски и Парламентарни избори до Државната изборна комисија (ДИК) завршуваат вечер во 19, односно 23:30 часот. ДИК вчера ги објави првичките официјални изборни резултати и вечер до 19 часот до Собранието треба да го достави извештајот за резултатите од Претседателските избори, по што според најавите собранискиот спикер Јован Митрески ќе ја закаже за в недела напладне собраниската седница за инаугурација на новоизбраната претседателка на државата Гордана Силјановска Давкова.

Според изборните резулатите од 100 отсто преброени гласови, што ги објави синоќа ДИК, Сиљановска Давкова освила 561.001 глас, а нејзиниот  противкандидат  и актуелен претседател  Стево Пендаровски  251.881 глас. Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ има освоено најмногу пратенички мандати, 58, по што следуваат Коалицијата Европски фронт со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина на СДСМ, 18, Коалиција ВЛЕН, 13, Левица, шест, и Движење ЗНАМ за наша Македонија исто така шест.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button